Темен режим Режим на светлина

Спротиставени ставови на Техеран и Вашингтон околу најновите инциденти во Ормутскиот теснец

Напад врз танкери во близина на Ирак: Загина морнар, неколкумина исчезнати Напад врз танкери во близина на Ирак: Загина морнар, неколкумина исчезнати

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека случувањата во Ормутскиот теснец покажуваат дека „не постои воено решение за политичката криза“.

Неговата изјава доаѓа по инцидент за кој има спротиставени информации меѓу Техеран и Вашингтон. Иранските медиуми тврдат дека нивната војска погодила американски воен брод, додека САД категорично негираат дека има погодено нивно пловило.

Во меѓувреме, американските сили продолжуваат операции во Персискиот Залив со цел повторно отворање на поморскиот пат. Арагчи упати предупредување до САД да не дозволат ескалација, нагласувајќи дека дипломатските напори мора да продолжат. Тој ја оцени американската операција „Проект Слобода“ како „слепа улица“.

Од друга страна, претседателот Доналд Трамп изјави дека операцијата има за цел безбедно извлекување на неутрални трговски бродови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Температури до 28 степени, дожд и нестабилност од средината на неделата

Следна објава
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Земјотрес во Србија, почувствуван дури и во Хрватска и Унгарија