Темен режим Режим на светлина

Температури до 28 степени, дожд и нестабилност од средината на неделата

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови се очекува промена на временските услови. Од среда попладне ќе има променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во петок. Од четврток локално ќе има услови и за ретки грмежи.

До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека од сабота ветерот ќе го смени правецот и ќе дува од север.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Тиквеш пред големи промени: Заминува целиот стручен штаб

Тиквеш пред големи промени: Заминува целиот стручен штаб

Следна објава
Напад врз танкери во близина на Ирак: Загина морнар, неколкумина исчезнати

Спротиставени ставови на Техеран и Вашингтон околу најновите инциденти во Ормутскиот теснец