Темен режим Режим на светлина

МОН поништи осум спорни дипломи на Филозофски факултетв и две на Славјански универзитет, случаите се пријавени во ОЈО

МОН поништи осум спорни дипломи на Филозофски факултетв и две на Славјански универзитет, случаите се пријавени во ОЈО МОН поништи осум спорни дипломи на Филозофски факултетв и две на Славјански универзитет, случаите се пријавени во ОЈО

Министерството за образование и наука ќе поништи осум академски дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ, поврзани со претходно поништени осум уписи, а предмет на постапката се вкупно 17 студенти, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека без две дипломи останал и студент на приватниот Славјански универзитет.

Дел од студентите на Филолошки биле запишани на втор циклус студии и веќе стекнале магистерски дипломи, додека други го продолжиле образованието на трет циклус, односно докторски студии, а факултетот има обврска да поништи уште едно преостанато уверение, по што МОН ќе ги поништи документите за сите осум засегнати студенти.

На Славјанскиот универзитет, МОН поништи две дипломи издадени на еден ист студент, кој веројатно истовремено бил запишан на додипломски и постдипломски студии, со фалсификувани документи.

Министерката Јаневска нагласи дека МОН постапува исклучиво согласно законските процедури и дека нема разлика помеѓу државните и приватните високообразовни институции туку се реагира секаде каде што ќе се утврдат неправилности, а Јавното обвинителство понатаму ќе ја води постапката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ревизија во општина Илинден: Капитални објекти се граделе без потребните дозволи и уредна градежна документација

Ревизија во општина Илинден: Капитални објекти се граделе без потребните дозволи и уредна градежна документација

Следна објава
Мицкоски: Бројот на невработени за една година е намален за 10.000

Мицкоски не толерира недисциплина: Законот важи за сите, па и за обезбедувањето