Темен режим Режим на светлина

Нема избори годинава, фокусот е на реформи и економија, кажа Мицкоски

Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да го напушти Парламентот или да ги бојкотира следните избори, тоа е нивна одлука Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да го напушти Парламентот или да ги бојкотира следните избори, тоа е нивна одлука

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот на оваа година не се предвидени избори, посочувајќи дека 2026 ќе биде фокусирана на реформи и институционално зајакнување, наместо на изборни процеси.

Тој нагласи дека неговата политичка определба е парламентарните избори да се одржат во редовниот термин, напролет 2028 година, во согласност со уставните и законските рокови.

Во врска со евентуални предвремени избори во 2027 година, премиерот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена во секој момент да се соочи со изборен процес и да излезе како победник, но дека приоритет на Владата остануваат економските политики и реформите насочени кон подобрување на животниот стандард.

Мицкоски додаде дека неговите претходни изјави биле погрешно протолкувани, појаснувајќи дека изборите треба да се одржуваат во редовен циклус, односно на секои четири години, како што предвидува законската рамка.

Според него, Владата ќе продолжи да се фокусира на економски развој и спроведување на политики, додека реакциите од дел од политичките противници ги оцени како преувеличени во однос на неговите ставови за изборниот календар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен шверц на опасни медицински препарати

Уапсена сопственичка на салон за убавина, спречен шверц на опасни медицински препарати

Следна објава
Автобус удри мотоцикл во Прилеп, загина младо момче

Инцидент во Кичево: Вербална расправија завршила со повредени - прегазил 3 лица