Темен режим Режим на светлина

Доматите се здрави, но не треба да се претерува

Доматите се здрави, но не треба да се претерува Доматите се здрави, но не треба да се претерува

Домат е една од најзастапените намирници во светската исхрана и речиси секојдневно се користи во многу кујни, особено во медитеранскиот начин на исхрана. Иако денес е неизоставен дел од бројни јадења, доматот во Европа пристигнал дури во 16 век од Јужна и Средна Америка.

Покрај препознатливиот вкус, доматите се ценети и поради хранливата вредност. Содржат големо количество вода, поради што се нискокалорични и погодни за секојдневна консумација. Во нив има витамини А, Б, Ц и Е, како и калиум, а особено значаен е ликопенот – природен антиоксиданс што ја создава црвената боја на плодот.

Според бројни истражувања, редовната консумација на домати може да придонесе за намалување на ризикот од срцеви заболувања и одредени видови карцином. Освен тоа, тие помагаат за подобра хидратација на организмот и може позитивно да влијаат врз крвниот притисок и одржувањето на мускулната сила.

Сепак, експертите предупредуваат дека не треба да се претерува со внесувањето. Исхрана базирана претежно на домати може да доведе до недостаток на други важни хранливи материи. Кај некои луѓе, соединенијата хистамин и томатин можат да предизвикаат реакции како главоболка, чешање или дигестивни тегоби.

Иако доматите припаѓаат на група растенија што содржат соланин, неговото количество во зрелите плодови е минимално и не претставува опасност. Најголема концентрација има во зелените делови и дршката, кои вообичаено не се користат во исхраната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Зеленски: Не сум диктатор, а мојот став за војната со Русија е различен од оној на Трамп

Киев и Москва договориле голема размена на заробеници и тридневен мир

Следна објава
Италијански остров нуди до 15.000 евра за преселба

Италија, Португалија и Шпанија на врвот за „соло“ туристите