Темен режим Режим на светлина

Италија, Португалија и Шпанија на врвот за „соло“ туристите

Италијански остров нуди до 15.000 евра за преселба Италијански остров нуди до 15.000 евра за преселба

Италија е прогласена за најдобра европска дестинација за „соло“ патувања во 2026 година, според индексот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“. Рангирањето било направено врз основа на безбедноста, пристапноста на храната, инфраструктурата и условите за патување.

Според авторите на истражувањето, Италија нуди идеален спој на врвна гастрономија, развиен железнички сообраќај и разновидни природни предели, што ја прави особено привлечна за патници кои патуваат сами.

Во образложението се наведува дека земјата овозможува лесно движење и богато туристичко искуство – од планинарење на Доломити, велосипедски тури низ Тоскана, па сè до прошетки по крајбрежјето на Лигурија.

На второто место се најде Португалија, која е издвоена поради високото ниво на безбедност и добрата туристичка инфраструктура. Меѓу препорачаните дестинации се атлантскиот брег, Азорски Острови, како и помалку познатите рибарски патеки надвор од Лисабон и регионот Алгарве.

Третата позиција ѝ припадна на Шпанија, со препораки за кантабрискиот брег, Галиција и регионот Мурсија.

Во продолжение на листата се најдоа Норвешка, Словачка, Албанија, Исланд, Грција, Словенија и Романија. Норвешка се издвојува по безбедноста и природата, додека Албанија е посочена како атрактивна и ценовно пристапна дестинација.

Според коосновачот на компанијата, Сем Брус, во последните години сè повеќе луѓе избираат „соло“ патувања со цел да комбинираат чувство на сигурност, авантура и откривање нови места.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Доматите се здрави, но не треба да се претерува

Доматите се здрави, но не треба да се претерува

Следна објава
Ѓоковиќ по три сета до осминафинале на турнирот во Индијан Велс

Младиот Хрват го урна Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим