Жозе Мурињо, тренерот на Бенфика, би можел да се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Според информациите, мадридскиот клуб планира официјално да го објави неговото враќање по натпреварот против Атлетик Билбао во последното коло од Ла Лига, кој ќе се одигра на 24 мај и ќе биде завршен натпревар за сезоната.
Реал Мадрид би требало да ѝ исплати на Бенфика околу шест милиони евра како откупна клаузула за искусниот португалски стратег.
Жозе Мурињо веќе има историја во клубот, бидејќи го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, период во кој освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија, а тимот се врати меѓу најдобрите во Европа.
По заминувањето од Мадрид, Мурињо работеше во Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома, Фенербахче и Бенфика. Тој ја презеде Бенфика во септември 2025 година.


