Темен режим Режим на светлина

Црвена звезда славеше против Војводина по пенал-рулет

Црвена звезда славеше против Војводина по пенал-рулет Црвена звезда славеше против Војводина по пенал-рулет

Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија двојната круна во Србија, откако во финалето на Купот славеа против Војводина по подобро изведување на пенали.

Навивачите на стадионот во Лозница гледаа возбудлив натпревар со четири погодоци во регуларниот дел. Војводина имаше одличен почеток и поведе уште во 2. минута со голот на Шуц. До крајот на првото полувреме тимот од Нови Сад го зголеми водството на 2:0 преку Видосављевиќ во 35. минута.

Во второто полувреме Црвена звезда се врати во игра со голот на Арнаутовиќ во 54. минута, но не успеа да создаде доволно шанси за целосен пресврт во регуларниот дел. Во судиското продолжение, Звезда притисна и во 96. минута преку Родриго дојде до 2:2 и избори продолженија.

По 120 минути игра немаше нови голови, па победникот беше решен со пенали. Во драматична серија од шест удари, Црвена звезда славеше со 5:4 и го освои трофејот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Македонски државјани се враќаат дома: Авион со 151 патник пристигна во Скопје

Цариниците пронашле муниција во куфер – приведен патник од Косово

Следна објава
Додик: Украина уплати аванс за да купи оружје од босанските муслимани, ама не може да им се ипорача

Додик: Украина уплати аванс за да купи оружје од босанските муслимани, ама не може да им се ипорача