Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево во Росоман, каде животот го загуби 89-годишен пешак.
Несреќата била пријавена во 18:55 часот на регионалниот пат Градско–Прилеп, кога товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од 45-годишен возач од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. од Росоман.
Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци.
За случајот бил известен јавен обвинител, додека увид на местото врши екипа од ОВР Кавадарци со цел да се утврдат причините за трагедијата.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин, а возилата се пренасочуваат по околните регионални патишта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




