Темен режим Режим на светлина

Во Бујановац прва заедничка воена вежба на Србија и НАТО

Во Бујановац прва заедничка воена вежба на Србија и НАТО Во Бујановац прва заедничка воена вежба на Србија и НАТО

Во Србија започна првата заедничка воена вежба со НАТО, која се одржува во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ кај Бујановац. Во вежбата учествуваат околу 600 припадници на Војската на Србија и војска од Италија, Романија и Турција, додека набљудувачи има и од САД, Велика Британија, Германија и други земји.

Станува збор за тактичка вежба насочена кон подобрување на соработката и размена на искуства меѓу армиите. Учесниците ќе увежбуваат операции за поддршка на мирот, како обезбедување бази, контролни пунктови и дејствување во урбани средини.

Од српското Министерство за одбрана истакнуваат дека вежбата се одржува во рамки на програмата „Партнерство за мир“ и со почитување на воената неутралност.

Целта е зајакнување на стабилноста во регионот, подобрување на оперативните способности и градење доверба меѓу Србија и НАТО партнерите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Дел од Чаир денеска без струја, ЕВН најави прекин во Старата чаршија

Следна објава
Осум загинати, а единаесет повредени во синоќешните руски напади врз Украина

Осум загинати, а единаесет повредени во синоќешните руски напади врз Украина