Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Ние не работиме за туѓи интереси, туку само за македонските

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

„Кога организираната криминална група ВМРО-ЗНАМ почнува да зборува „бугарофили“ за СДСМ, тоа е класичен случај на проекција, најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови. Максим Димитриевски, колаборационистот, нашол да зборува за СДСМ? Човекот кој за пари ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги“, велат денеска од СДСМ.

Според опозициската партија половина од оваа коалиција која ја сочинува актуелната Влада и пратеничката група на ВМРО-ЗНАМ има бугарски пасоши.

„Министри, пратеници, директори на јавни претпријатија – сите со црвени пасоши на ЕУ. Тие не се бугарофили. Тие се Бугари со македонско државјанство кои ја користат државата за свои лични интереси“, констатираат од СДСМ и додаваат дека тие не работат за туѓи интереси, туку за македонските интереси – за европска, силна и достоинствена Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“

Левица пренесува сведоштва од пациенти за колапс на Клиниката за Хематологија

Следна објава
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Волкот „стана“ куче, сопственикот си го барал назад