Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања кон Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение обвини дека ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во однос на уставните измени и евроинтеграциите се совпаѓаат со позициите на официјална Бугарија.

Од партијата тврдат дека Филипче е „пиун на Радев“ и „главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум“.

Во соопштението се наведува дека СДСМ и бугарските власти имаат исти барања околу внесувањето на Бугарите во Уставот, а дополнително му забележуваат на Филипче дека не реагирал на употребата на терминот „северномакедонци“.

ВМРО-ДПМНЕ побара лидерот на СДСМ јавно да одговори, како што наведуваат, „со што е уценет од бугарски политичари за да води ваква политика“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мадуро во американски затвор, накратко бил со раперот Текаши

Мадуро во американски затвор, накратко бил со раперот Текаши