На „Криволак“ армиите на САД, Полска и на Македонија ќе изведат заедничка вежба

Во периодот од 19 август до 25 септември 170 припадници на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 10 припадници на Вооружените сили на Република Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема ќе изведат вежба, гаѓања и заедничка обука со припадниците на Армијата на Република Македонија, кое ќе се изврши на Армискиот полигон Криволак.

Оваа информација денеска на седница ја одобри Владата на Република Македонија и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради изведување на вежбовна активност, информираат од прес-сужбата на Владата.

На седницата, на предлог на Министерството за одбрана, министерите донеле одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve XIV” во Сојузна Република Германија, во периодот од 1 до 29 септември, како и Одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „CARPATHIAN EAGLE“ во Република Романија, во периодот од 14 до 27 септември.

Владата на седницата донела одлука за начинот на користење на здравствени услуги и за надоместок на трошоците за користење на здравствени услуги во Воено медицинскиот центар и во здравствените установи во Република Македонија, на припадниците на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа- СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG).

 

Претходна вестСедница на Владата: Моделот за образовниот процес 2020/2021 , зголемен процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници, НАТО вежба на Криволак…
Следна вестСостојбата во гостиварско станува серизона, потребно е доследно почитување на заштитните мерки