Темно Режим Светло Режим

Нема крај на прекршоците: 38 лица возеле без возачка дозвола, 25 зборувале на мобилен…

На територијата на град Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера се изречени 461 казна, соопшти денеска МВР.

-Изречени се мерки за возење без возачка дозвола-38, 16 за нерегистрирани возила, 16 за управување под дејство на алкохол, 25 казни се за користење на мобилен телефон, 65 за непрописно паркирани возила и 18 за неносење заштитна маска, се наведува во информацијата. 

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

„Макстил“: Нашите мерни инструменти покажуваат дека бувачата е многукратно под доволената

Следниот Пост

Парични средства од Владата добиле и други скопски општини