Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски ќе учествува на лидерска средба само доколку покана дојде од премиерот Зоран Заев, но не и ако ја свика шефот на државата Стево Пендаровски. На денешната конференција за печат тој рече дека организатор на оваа средба не може да биде претседателот на државата.
Претходно, премиерот Зоран Заев изјави дека до крајот на годината планира „да свика лидерска средба доколку претходно претседателот на државата тоа не го направи“.
– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Пендаровски не е лидер на политичка партија, ако е потребна поддршката на политичките партии, ние да разговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој треба да ја свика. На формат организиран од Пендаровски, не нема да учествувам на таква средба, ако дојде на иницијатива на Владата, да ќе учествувам, рече денеска Мицкоски.