Илјадници наставници можно е да останат без своите работни места, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го новиот концепт за образованието со кои предметите Историја и Географија би се интегрирале во еден, како општествени науки, а хемија и биологија во природни.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова значи укинување на предметот Историја, со цел Владата да им угоди на бугарските власти.
-Брзо помина периодот кога Заев глумеше лажен патриот, пак си се врати во водите каде што игра најдобро, а тоа се предавничките политики. Заев да им угоди на Бугарите сега ќе укинувал Историја во основните школи со што нанесува тежок блам и срам за државата која се откажува од правото да изучува за својата историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука повикуваат на повлекување на концептот за образование и веднаш да биде отворена широка и детална презентација на содржините кои се отфрлени и оние кои би останале во образовниот процес, како и широка и детална јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, институции, институти и научни титули, за да не се случи македонската историја да биде одземена од македонската иднина.