Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача употреба на вакцината „Астра Зенека“ против ковид-19 за сите возрасни групи.
Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомневање во врска со ефективноста на вакцината за лица над 65 и 55 години, Европската Комисија смета дека земјите-членки можат да одлучуваат за дополнителни и построги барања за употреба на некои вакцини, додека тоа не е во спротивност со препораките на ЕМА.
Европската комисија ги повика Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл, да се справат со дезинформациите што се појавуваат на социјалните мрежи кога станува збор за вакцините против коро навирусот.