Машката репрезентација на Македонија денеска го игра натпреварот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство, а противник е селекцијата на Финска.
Селекторот Кире Лазаров го одреди составот за денешниот натпревар, а отпаднаа десното крило Ненад Костески, левиот бек Михајло Младеновиќ и голманот Марко Кизиќ.Оваа средба се игра во Рихимаки, а на неа почнува потврдата на 2. позиција на табелата што не би требало да биде проблем. Македонија е фаворит на овој дуел така што доколку сè оди според планот овде победата треба да биде потврдена.