Стојко Пауновски: Одбрана на интегритетот и професионалноста не наидоа на разбирање од Заев

Заев остана решителен дека не прифаќа пркос и вчера Владата го разреши директорот Стојко Пауновски. Разрешениот пак преку Фејсбук испрати порака со благодарност до сите кои го поддржаа во искрените намери.

-Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор од мене, со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав, напиша Паунивски на Фејсбук.

За потсетување, тој вчера беше разрешен од страна на Владата „поради непрофесионално однесување“. „Случајот Пауновски“ избувна откако тој соопшти дека нема да прими „рамковно вработени“ кои се доделени ДПИ бидејќи не ги исполнуваат потребните услови, немаат соодветно образование…

Претходна вестПензионирани француски генерали го опоменаа Макрон за можна граѓанска војна
Следна вестПротив Финска со Лазаров и Миркуловски