Темен режим Режим на светлина

Левица со предлог-закон: Пратеничките патни трошоци да чинат колку билет за меѓуградски превоз

Предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците поднесоа денеска до собрансикиот спикер пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

-Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци – од 20 отсто на 5 проценти од продажната цена на литар гориво за изминат километар – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз, информира денеска Димитар Апасиев

Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан.

-Таа анализа во изминативе неколку месеци ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците, потенцира Апасиев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Момин поток се подновува со два кружни тека, подвозници и надвозници

Следна објава

Џафери до Мицкоски: Нема политичка клима за ВМРО-ДПМНЕ да дејствува со повеќе пратенички групи