Недела е денот што се најавуваше – кинеските вакцини доаѓаат

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, а в недела со два авиони по 250 илјади дози од Кина ќе пристигне пратката од 500 илјади вкацини на „Синовак“, објави денеска министерот Венко Филипче.

Направен е план за складирање во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина. Веќе во понеделник или вторник ќе бидат пуштени во употреба и дистрибурирани низ државава.

Министерот за здравство најави дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација.

Изминатиот период вакцинацијата на дневна основа во земјава беше сведена едвај 2.000 вакцинирани со прва доза и исто толку ревакцинирани поради немањето вакцини.

Во државата вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани

Викендот што измина над 20.000 наши граѓани беа во Србија на ревакцинација или на вакцинациија со прва доза, бидејќи тоа можат да го направат без закажување.

Претходна вестНаставната година заврши, проблемите останаа
Следна вестЧетворица од Стајковци нападнале вработен на бензинска во Ченто