Темен режим Режим на светлина

Турски државјанин осомничен за пукањето во Стара Чаршија пред два дена

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за обидот за убиство што се случи пред два дена пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, за што е осомничен 30-годишен државјанин на Турција со живеалиште во Скопје.

Според досегашните информации на Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, осомничениот извадил пиштол и испукал три куршуми кон оштетениот, когго го погодил во десната потколеница.

Поради опасност од бегство, како и да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, побаран е притвор.​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На Табановце се чека 30 минути

Следна објава

Сме одбиле донација вакцини од Словачка - имаме доволно да не фрламе?!