Темен режим Режим на светлина

Змии се шетаат низ Скопје, граѓаните бараат помош

Змија била фатена во Министерството за здравство вчера.

Откако истата била забележана од страна вработените, веднаш била повикана помош од стручно лице од скопската зоолошка градина за фаќање змии.

Претходно како што објавивме, а и како што може да се види од видео кое се шири на социјалните мрежи, змија се шета на кејот покрај реката Вардар во делот кај Министерството за nадворешни работи.

Засега нема информации за каков вид змија станува збор, но граѓаните овие денови постојано фотографираат змии како се шетаат низ населените места се почесто.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вечерва се отвора тридневната концертна манифестација „Musica Viva на отворено“

Следна објава

Климатските промени се опасност 400.000 луѓе да умрат од глад