Владата почна со планови за што ќе се користи еколошката такса, ВМРО-ДПМНЕ е решено да не дозволи ваква давачка

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира предлогот за воведување на еколошка такса со која ќе се зголеми цената на горивата.

Пратеникот Тимчо Муцунски објаснува дека тоа со сигурност ќе влијае на зголемување на цените на транспортот и на сите други производи, како и зголемена неконкуретност на македонските компании на светскиот пазар, што ќе предизвика дополнителен шок на целата македонска економија.

-Наместо државата да се грижи за инвестиции во зелени проекти, Владата има намера да наплаќа од секој граѓанин и од секоја компанија со цел да финансира проекти што нема да постигнат некој значителен ефект, освен можеби политички да го оправдаат ребрендирањето на еден од своите коалициони партнери, вели Муцунски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска пак, на Комисијата за јавно-приватен дијалог го претставија концептот за воведување еколошка такса на нафтени деривати, при што ќе има посебен фонд за зелен развој на државата.

Според предлогот на Владата, најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари.

Претходна вестКовидот повторно зеде жртви – тројца починати за 24 часа, девет се новозаразени
Следна вестПочнува употребата на „Спутник лајт“ – ќе се дава како трета доза кај оние кои примиле „Спутник В“