Почнува употребата на „Спутник лајт“ – ќе се дава како трета доза кај оние кои примиле „Спутник В“

Русија денеска соопшти дека ја пушта за користење својата четврта вакцина против Ковид-19, „Спутник лајт“, објави весникот „Комерсант“.

„Спутник лајт“ всушност ја користи само првата доза од водечката руска вакцина „Спутник В“, која се дава во две дози во период од 21 ден.

Одлуката за одобрување и воведување на вакцината „Спутник лајт“ се водеше од фактот дека првата компонента на стандардната вакцина е произведена во значително поголеми количества од втората доза, соопшти „Комерсант“, цитирајќи извори од владата.

„Спутник лајт“ ќе се користи како засилувач за Русите кои беа вакцинирани со првите две дози пред шест или повеќе месеци, соопштија официјални лица.

Претходна вестВладата почна со планови за што ќе се користи еколошката такса, ВМРО-ДПМНЕ е решено да не дозволи ваква давачка
Следна вестБлокади во Скопје и Македонски Брод за да се добијат регионален пат покрај Козјак