Темен режим Режим на светлина

Обвинител и началник во полиција во Албанија меѓу 38 уапсени кои биле дел од меѓународна нарко мрежа

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Италијанските и албанските полициски сили и правосудните органи денеска наутро спроведоа заедничка операција под кодно име „Душа“, во која се уапсени 38 лица за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и меѓународна трговија, а запленето е и значително количество наркотици.

Апсењата се извршени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија.

Меѓу уапсените се обвинител во Валона, началник на сектор за сообрајќај во генералниот директорат на полицијата и поранешен заменик-командир на полицијата во Фиер.

Акцијата следува по истражните дејствија во рамки на акциите „Шеф“ и „Покрив“ реализирани во 2018 и 2020 година од страна на италијанската дирекција за борба против мафијата во Бари.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вечерва се одржува поетската манифестација “Празник на липите“

Следна објава

Коце Трајановски повторно ќе се „бори“ за Скопје?