Темен режим Режим на светлина

Потпретседателот на ЕК Тимерманс одби да се слика со Јанша на заедничката фотографија

Извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс, одби да биде дел од традиционалната фотографија (фелили фото) на членовите на Европската Комисија и новата земја претседавач со ЕУ поради политиката на премиерот на Словвенија Јанез Јанша.

Медиумите во Брисел објавија дека извршниот потпретседател не е на фотографијата со словенечкото претседателство, а претседателката н ЕК Урсула Фон дер Лајен по разговорот со сите извршни потпретседатели, одлучила да ја почитува неговата одлука да не учествува во институционалната заедничка фотографија. 

-Ова прашање за нас ова прашање е затворено, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Тимерманс кој е член на холандска социјалдемократска партија, заедно со другите членови на Европската Комисија е во посета во новата земја претседавач, но оцени дека не може да стои рамо до рамо со Јанша откако словенечкиот премиер вербално нападна судии и европратеници, меѓу кои и Тања Фајон, исто така членка на Социјалдемократската група во Европскиот Парламент.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Родова стереотипизација и се што не треба доминира во изборното политичко рекламирање

Следна објава

Делта-сојот може да воведе тестови за влез во земјава, ќе се знае в понеделник