Ковидот повторно зеде жртви – тројца починати за 24 часа, девет се новозаразени

Тројца починати и девет нови заразени, е статистиката за ковид-19 во земјава з изминативе 24 часа.

Две починати лица се од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г), сите во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар – по 1.

Регистрирани се 13 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233, од кои една третина се во Скопје.

Претходна вестСме одбиле донација вакцини од Словачка – имаме доволно да не фрламе?!
Следна вестВладата почна со планови за што ќе се користи еколошката такса, ВМРО-ДПМНЕ е решено да не дозволи ваква давачка