Dark Mode Light Mode

Реакциите на граѓаните ги спасија дрвјата на Кејот „13 Ноември“ од бетонирањето

Благодарение на бројни реакции на граѓаните повеќе десетици високоразвиени дрва вчера попладне беа спасени од бетонирањето на корените кое што го извршиле градежните работници кои работат на реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“. На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии на кои што се гледа како се бетонирани корењата на стеблата во близина на мостот „Слобода“, а за што се уште не е познато од кои причини е направено.

– Ве молам да го информирате градоначалникот дека има вработено второодделенци кој бетонираат живи растенија.Секако дека не очекувам за се да знае, па ред е да го информирате и да ја распусти таа багра од канцеларии што зима плата. Одговорност некој ке мора да сноси дефинитивно, за повеке инфо Кеј 13 ти Ноември е ова. Држава без пилот сме, напиша една граѓанка на социјална мрежа Фејсбук.

По повикот, градоначалникот Петре Шилегов синоќа се појави на кејот да провери што се случува, а градските служби почнаа со ослободување на дрвјата. Со хилти го раскопаа бетонот поставен околу нив и ги ослободија дрвјата.

Градските власти до сега не дадоа објаснување за оваа постапка на изведувачите на реконструкцијата. Останува дилема, што ќе се случеше доколку немаше реакции на граѓаните?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Previous Post
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Променливо облачно со северен ветар

Next Post

Ги нема странските инвеститори, не слушнале ли дека Шекеринска седна на столчето во НАТО?