Темен режим Режим на светлина

Од понеделник се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

училишта

Од понеделник започнува вакцинацијата на вработените во основните и средните училишта во државата, соопшто денеска Министерството за здравство.

Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура се спроведува за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

-Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции, информираат од МЗ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

212 санкционирани возачи во Скопје, 51 за брзо возење

Следна објава

Флекенштајн: ЕУ треба да размисли да ги смени правилата на одлучување со консензус