Темен режим Режим на светлина

Митева: Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“ Шилегов сега ги бетонира дрвјата на кејот

Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи, изјави денеска Марија Митева, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата реагира на случајот со бетонирање на повеќе дрвја на кејот „13 Ноември“ кое се сличи вчера попладне.

-Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни, потенцира Митева.

Таа додаде дека другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра.

-Уште не е завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана. Скоро секоја втора плочка е оштетена, а нивната вредност не е ништо поразлична од претходните енормно високи цени на урбаната опрема. Во месеците пред избори Шилегов нема со што да ја побара повторно довербата од скопјани, па очигледно само му е важно да го раскопа и уништи Скопје, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет, истакна таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Куче – скитник касна гостинка од Оксфорд на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид

Следна објава

Шест новозаразени, без починати и оздравени лица во изминатово деноноќие