Темен режим Режим на светлина

Куче – скитник касна гостинка од Оксфорд на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид

Со повреда на десна рака се здобила соработничката за истражување на универзитетот Оксфорд, Тена Прелец, која учествува во Охрид на „Преспа форум за дијалог“ откако била нападната од куче-скитник. Таа била принудена да побара Итна помош, а подоцна на Твитер спдели објава за овој настан.

-Прв пат во Брза помош. Ме касна куче скитник. Благодарам на охридските лекари и до Линда од МНР, напиша меѓу другото Прелец.

Во објавата таа со доза на хумор наведува дека „не сиот медицински персонал се уште е преселен во Германија“.

-Нема шанса, ние ја сакаме нашата земја, бил одговор кој го добила Прелец.

Инаку на „Преспа форум за дијалог“ учествуваат високи гости од Европа и светот од светот на политиката и дипломатијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Возачко викенд-претерување: 119 казни за возење во пијана состојба

Следна објава

Митева: Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“ Шилегов сега ги бетонира дрвјата на кејот