Темен режим Режим на светлина

Флекенштајн: ЕУ треба да размисли да ги смени правилата на одлучување со консензус

Советот на ЕУ мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција со Македонија и Албанија, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија. исто така, и сега редот е на Европската Унија. Ова во интервју за државната аганција МИА го вели Кнут Флекенштајн, германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент. Тој е член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е дел од Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тој беше и еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот во земјава, со цел подобрување на политичкиот дијалог.

Флекенштајн во интервјуто за МИА посочува и дека билатералните прашања не треба да се пречка на европскиот пат.

-Ние имаме свои проблеми во Европската Унија. Имаме правила кои не функционираат некогаш. Знаете дека треба да има консензус од сите 27 членки и тоа е речиси невозможно, особено кога се работи за надворешна политика и за проширувањето да имате вистински одлуки во вистинското време. Ние, во ЕУ, треба да размислиме како да ги смениме овие правила, бидејќи е неверојатно – како може една влада да ги спречи останатите 26 членки и да го блокира целиот регион, рече тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од понеделник се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

Следна објава
Јанез Јанша се поблиску до формирање Влада, неговиот коалициски партнер Зоран Стевановиќ избран за претседател на Парламентот

Јанша: Добро е за Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура