Во првата половина на септември оваа година ќе се одржи заедничка владина седница на Северна Македонија и Косово. До ваков договор дошле вицепремиерот, Артан Груби, и косовската вицепремиерка и шефица на дипломатијата, Доника Грвала-Шварц.
На средбата дискутирале и за актуелната состојба во регионот, соработката и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, велат од кабинетот на Груби.
„Алтернатива на Република Северна Македонија, но и на регионот останува Европската Унија. Ние како земја сме направиле многу храбри чекори во политички аспект, ги спроведуваме реформите и очекуваме ЕУ да ги цени тие достигнувања, и во меѓувреме работиме на подигнување на животниот стандард за граѓаните“, и рекол груби на својата колешкал од Косово.
Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Косово, констатирале тие, се одлични и соработката ќе продолжи и во иднина преку заеднички проекти.