Темен режим Режим на светлина

Владата одлучува: Ќе се прогласи ли кризна состојба во следните 30 дена?

Гори во Македонија и денеска. Според последните информации од синоќа, активни се 10 пожари, а најопасно е во Македонски Брод, како и во Пехчево и Делчево. Надлежните бараат да се прогласи кризна состојба во земјава, а дали тоа ќе се случи треба да пресече Владата.

Како што објаснуваат од Центарот за управување со кризи сите расположливи средства се користат за да се спречат уште поголеми катастрофи. Денеска се очекува засилувањето и од Словенија – 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

Со почеток од 8.30 часот на седница денеска Владата одлучува дали во следните 30 дена ќе се прогласи кризна состојба на територијата на целата држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Затворен патот Делчево-Пехчево, пет хеликоптери упатени да го гасат пожарот

Следна објава

DJ сет на Крсте Стефановски на 6 август во дворот на МОФ