Австрија нема да прими нови авганистански бегалци, соопшти вчера австрискиот канцелар Себастијан Курц.
-Не мислам дека треба да примиме повеќе луѓе во Австрија, туку спротивното, изјави тој во интервју за австриска телевизија.
Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.
Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.
-Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар, вели Курц и додава дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество.
Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата во земјата