Аеродромските шатки зимница ќе прават во Вардар

Реката Вардар е симбол на Скопје. Вардар е украс на Скопје. Вака си кажувале-се гордееле порано скопјани за најголемата река во Македонија која тече низ главниот град.

Ама како е сега? Што симболизира денеска Вардар? Дали е украс на градот?

Реката ја симболизира институционалната и граѓанска негрижа. Вардар е преполн со ѓубре и не може да биде украс на метрополата која градоначалникот Шилегов не убедува дека е посредена од било кога.

Добра страна е само тоа што може во Аеродром да се види дека барем шатките се подготвуваат да ставаат зимница. Бурето им е подготвено. Малку подолу во реката имаше фрлено и вреќа со скапани модри патлиџани… само ќе мора да почекаат – сигурно наскоро и пиперките и зелката ќе стасаат.

Фрлени тегли има колку сакаш. Шпорети и кумбиња се наоѓа… може ќе треба до Центар или Карпош да попливаат, ама Вардар нема да ги изневери и тоа има донесено.

Претходна вестФудбалската репрезентација на Македонија денес гостува на Исланд
Следна вестСедум дена беснее пожар на Галичица