Темен режим Режим на светлина

Пожар во мотор на автобус, за среќа немало патници

Утрово, на улицата 20 во с. Сарај, во близина на мостот „Сарај“, избувнал пожар во автобус, сопственост на Т. С. од Скопје.

Според пријавеното, возачот К. А. (45) од с. Глуво, Скопско, го ставил автобусот во погон да се загрее по што забележал дека од задната страна кај моторот избувнал пожарот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нови 524 заразени денеска и 9 починати - има и 8 смртни случаи од претходно

Следна објава

Во ГТЦ имало нелегален „рудник“ за криптовалути - краделе струја од дуќанџиите