Темен режим Режим на светлина

Центар со нова иницијатива: Со секоја нова градба да има паркинзи за велосипеди

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставници на иницијативата „На Точак“, на која е договорено при секоја нова градба да се поставуваат паркинзи за велосипеди, со цел поголема нивна употреба како превозно средство во општината, а напролет, општината ќе воведе и одредени денови како „Денови без автомобили“ и ќе бидат изработени стандарди и процедури за развој на велосипедска инфраструктура општината.

Дел од барањата, кои до градоначалникот Герасимовски ги поднесе иницијативата „На Точак“, веќе се имплементираат, а се однесуваат на слободни тротоари и квалитетен јавен простор, затворање на дел од улиците за сообраќај, особено во Дебар Маало, каде има премногу возила со што истите ќе се отворат за пешачење и возење велосипеди.

Општина Центар и во следниот период со посилно темпо ќе продолжи да субвенционира велосипеди и велосипедска опрема и засилено ќе работи и на системот за изнајмување на велосипеди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алтернатива нема да одлучува кој ќе биде премиер, вели Гаши

Следна објава

Од среда кој сака кеса во маркет ќе треба да плати по 15 денари за парче