Темен режим Режим на светлина

Укинати куќните притвори: На Рашковски со гаранција од 192.000 евра, на Вељановски без гаранција

Со одлука на Апелациски суд Скопје укинати се куќните притвори за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и поранешниот претседател на македонскиот парламент Трајко Вељноски.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој е во домашен притвор веќе девет месеци, судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор седум месеци за случајот „Организатори на 27 април“ за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор. На обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Санкционирани 247 сообраќајни прекршоци во Скопје

Следна објава

Ѓорѓиев: Година или две замрзнување на работата на Комисијата не би значело ништо