Адвокатот Цобоски: Oд случајот „Пендиков“ се направи европски проблем, не сакам да кажам дека и судот има некој притисок

Адвокатот Димитрија Цобoски кој го брани обвинетиот Илија Спасевски рече дека судницата ја напуштил оти на некој начин и судот има притисок, со оглед дека не беше дадено одлагање на рочиштето иако беше доставен нов доказ кој бараа да го проучат. Адвокатот истакна дека од еден случај се направило европски и меѓународен проблем.

Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков. Адвокатот претпоставува што е направено.

– Се јавува и проблем зошто толку брзо и на тој начин ја напушти болницата ‘Св. Еразмо’ која е позната болница и во фаза кога трeбало да биде префрлен на хирургија во Скопје, наместо таму е однесен на аеродром и со владин авион на Бугарија е однесен во Бугарија“

Не велам дека ќе е политичка одлуката, за тоа сме ние тука бранителите, посочи адвокатот на обвинетиот. Тој додаде дека од доказите произлезе дека Илија Спасевски е виновен – ќе си одговара дека е виновен.

– Од еден случај ‘Пендиков’ се направи европски и меѓународен проблем. Истата вечер имало и друг настан каде бил претепан човек од повеќе извршители, бил повреден, никој не го спомена случајот ниту излезе на вести. Во самото обвинение стои дека обвинетиот Илија со Н.Н. (непознато) лице бил. Е, па, тоа Н.Н. лице кои повреди ги нанесе? Тоа ќе видиме, рече адвокатот Димитрија Цобoски.

Судењето се одложи. Претходно, нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски беше доставен до судот, во случајот со натепување на Христијан Пендиков. Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

Претходна вестКавадарци дава многу на Македонија, а власта му дава малку
Следна вестПендиков веќе не се плашел, пред новинарите се пожали, ама не одговара на сите прашања