Пендиков веќе не се плашел, пред новинарите се пожали, ама не одговара на сите прашања

Новопечениот бугарски граѓанин Христијан Пендиков денеска застана пред македонските новинари и порача дека сега не се плаши да се врати во Македонија иако неодамна го тврдеше спротивното. Но, неговиот адвокат Стефан Камишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се поврзани со неговата здравствената состојба.

Пендиков одново се пожали дека уште има повреди. Кога новинарите го прашаа дали беше неопходно од неговиот случај да се прави политика – тој се насмевна и одби да одговори.

-Сега сум подобро, сè уште имам прегледи што ми следуваат, имам два пукнати прешлена. Се надевам дека ќе можам да патувам на 12 јули, рече Пендиков, пренесува Макфакс.

Тој се пожали дека се уште му се закануваат, но не кажа дали ова го пријавил во полиција како што направи со претходниот случај.

Инаку, судењето се одложи. Претходно, нов доказ предложен од охридското обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски беше доставен до судот во слушајот со тепањето на Пендиков.

Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

Претходна вестАдвокатот Цобоски: Oд случајот „Пендиков“ се направи европски проблем, не сакам да кажам дека и судот има некој притисок
Следна вестОддадена почит на Спасе Мазенковски, еден од најистакнатите Македонци во Албанија