Темен режим Режим на светлина

Ако го смениме Уставот, сигурен сум дека ќе добиеме „петка“, а потоа пак некое ново вето, смета Мицкоски

Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние сите го зборуваме“.
„И тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и затоа нон стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во Обвинителството итн. Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема, додека, пак, во сите други области има одреден мал напредок или значлителен напредок. Јас генерално можам да го оценам како добар, инаку не можам да се согласам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, итн од земјите во регионот, рече Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Наскоро директна авио линија од Скопје кон Саудиска Арабија, најавија од Министерството за транспорт

Колапс на авиосообраќајот во САД, ќе се откажуваат по 4.000 летови дневно

Следна објава
Николоски: Со овој тим, ВМРО-ДПМНЕ ќе победува и на следните избори

Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, кажа Николоски