Темен режим Режим на светлина

Албански државјанин користел патна исправа на македонски државјанин

Албански државјанин бил приведен откако било утврдено дека користел патна исправа на македонски државјанин. Тој бил задржан во полициска станица.

– На 03.08.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена македонска патна исправа на друго лице македонски државјанин, информираат од МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бронза за ученикот Давид Ставров на Меѓународната економска олимпијада

Следна објава

„Водовод и канализација“ вонредно ги чисти шахтите, но очистени ли се улиците од отпадоците?