Апсењето на Могерини го разниша угледот на ЕУ, Фон Дер Лајен се дистанцира од скандалот

21

Угледот на ЕУ е тешко разнишан. Ова е констатација во повеќе европски медиуми по апсењето на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини.

Особено тешко паѓа фактот дека белгиската полиција изврши претреси и во седиштето на Европската служба за надворешни работи која сега е предводена од Каја Калас, а порано ја водеше Могерини.
Тамошните аналитичарите предупредуваат скандалот доаѓа во критичен момент – токму кога членките на ЕУ се обидуваат да постигнат договор околу користењето на замрзнатите 140 милијарди евра од руските средства за поддршка на Киев.

Инаку, Урсула фон дер Лајен се дистанцира од обвинувањата за корупција што ја зафатија дипломатската служба на ЕУ , објави „Политико”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСАД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
Следна вестМедиуми: Завршија последните американско-украински разговори во Мајами