Армијата се поднови со оклопни возила

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата. Се работи за  лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

Лесните оклопни возила ЈЛТВ се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица, соопштија од Министерството за одбрана.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на Република Северна Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

Претходна вестВо Скопје ќе биде поставена канта за отпадоци што зборува и опоменува
Следна вестХасани потпиша за данскиот второлигаш Хелсингор