Тешка несреќа кај Јосифово: Загина возач кој со автомобил излета од патот

Загина 56-годишен маж, кој со автомобилот излетал од патот кај селото Јосифово.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 10.35 часот, на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, кога Д.Ј. од с.Пирава, со патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, излетал надвор од патот.

На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Претходна вестПендаровски на инаугурацијата на Ердоган
Следна вестСловенечки репрезентативец е првото засилување за Еурофарм Пелистер