Темен режим Режим на светлина

Арсовска не дојде да ги слушне прашањата на советниците, седницата на скопскиот Совет  била „некоординирана“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска не дојде во Советот на Град Скопје, по што не можеше да се одржи свиканата седница за советнички прашања. Според известувањето што го добил претседателот на Советот Трајко Славевски таа навела дека дека „нема да присуствува заради некоординарана дата за поставување советнички прашања“.

– Тоа не е точно, бидејќи уште на 14 или 15 јуни беше испратено известување дека на 29 јуни се закажува седница за советнички прашања, рече Славески.

По ова, советниците од СДСМ ја напуштија салата велејќи дека нема да присуствуваат на седница кога нема кој да им одговара.

-Градоначалничката продолжува со непочитување на Советот и граѓаните. Не е првпат да не дојде на седница и да не добиваме одговори. Ниту едно советничко прашање од минатата седница не е одговорено, рече координаторката на СДСМ Љубица Јанчева.

Советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека за секое нивно прашање кое е поставено до градоначалничката од било кој советник од одговор нема.

-Данела Арсовска не чувствува одговорност пред скопјани да одговори на она што тие ја прашуваат. На Данела Арсовска и е поважно да шета некаде низ светот за некои лични интереси, а за тоа ќе треба да даде одговор, ќе треба да даде одговор за секое патување што имаат скопјани од тоа за што се трошат парите за патувањата нејзини и екипата околу неа, што бенефит имаат скопјани од тие патувања. Зошто тие патувања и се многу поважни од одговорите на прашањата на скопјани и работата на градот, додаде Андоновска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Палењето на Куранот во Стокхолм предизвикува гнев во муслиманскиот свет

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Сообраќајка во тунелот пред Катланово, блокиран автопатот Велес-Скопје