Темен режим Режим на светлина

Автобусите на „Макекспрес“ и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг од ЈСП

Дел од јавниот автобуски сообраќај во Скопје и денеска не функционира. Имено, приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и повторно не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.

Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Маричиќ е упорен: Скоро секој втор ден ни дава „датум“ за влез во ЕУ

Следна објава

Подготви ли Ковачевски добар терен за да свика успешна лидерска средба?