Темен режим Режим на светлина

Бензема продолжува со кралевите, одбил милиони, не заборава кој му ја донесе Златната топка!

Францускиот фудбалер и актуелен освојувач на Златната топка Карим Бензема одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година. Како што пренесуваат француските и шпанските медиуми, 35-годишниот фудбалер не сакал да го оствари правото да преговара со други клубови, со оглед на тоа што влегол во последните шест месеци од актуелниот договор, туку решил да ја продолжи соработката

Тој наводно добил понуда од Ал Наср, кој неодамна го доведе Кристијано Роналдо, но Бензема не сакал да му се приклучи на својот поранешен соиграч, бидејќи не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Детали за таа понуда не беа откриени.

Бензема во Реал пристигна во 2009 година, а за мадридскиот клуб одигра 621 натпревар и постигна 334 голови, со 160 асистенции. Оваа година беше награден за се што направи и со Реал и со француската репрезентација.

Повредата поради која го прескокна Светското првенство во Катар фрла сенка на многу успешната сезона.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уцена преку телефон: 34-годишник барал пари и се заканувал со објава

Германско министерство: Милиони жени имаат мизерни примања, живеат со пензија помала од илјада евра

Следна објава

Дали второто полугодие ќе трае до 14 јуни? - До крајот треба да се одработат сите 180 работни денови, вели министерот Шаќири